На 30 јуни 2019 година, Милан ќе сподели дека е во финансиска загуба од 100 милиони евра, информира „Кориере дело Спорт”.
Сепак станува збор за период од 12 месеци. Ситуацијата е уште полоша, кога анализата на римското издание фрла светлина за периодот од 2014 година – извештајот покажува дека италијанскиот гигант е во „црвено”, со вкупно 413 милиони евра.
Ситуацијата околу „росонерите” изгледа крајно загрижувачка поради претсојната нова казна од УЕФА, објави весникот. Згора на тоа, тимот на Милан нема да учествува во Лигата на шампионите во новата сезона.
Од годинава, на чело на 18-кратниот шампион е американскиот хеџ фонд „Елиот Менаџмент”, кој го презеде менаџментот од кинескиот претприемач Јонхон Ли.