Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Никола Јанкуловски, денеска во просториите на УКИМ потпишаа Меморандум за соработка.
Овој Меморандум предвидува соработка за взаемни активности и соработка восоветодавна поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспората, формирање Центар за дијаспора и миграции во рамки на УКИМ и поддршка во ефективен ангажман на дијаспората.
Меморандумот исто така предвидува и други сродни работи во координација и со договор помеѓу страните.