ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа единствени што не го принзаваат успехот на државата во последната година, нотиран и во најпозитивниот Извештај на Европската комисија откако сме земја кандидат за членство во ЕУ, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на соопштеноето на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговите соработници како Тања Каракамишева и Александар Николовски гласно навиваат Северна Македонија да не ги започне преговорите со ЕУ иако Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите.
За само две години, од заробена држава станавме светол пример во регионот. Тоа е признаено од сите освен од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Додека државата прави крупни чекори во евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно однесување, но не нема да успеат да ја вратат државата назад во темното минато.
Им се допаѓало тоа или не, Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО и напредува во интеграцијата кон ЕУ.