Успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ ги потврдуваат резултатите.
После години на стагнација поради погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, сега економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија.
Растот на бруто домашниот производ во првиот квартал од 2019 година порасна и изнесува 4,1 отсто, што е најголем раст во последните неколку години.
Активните мерки за вработување, растот на инвестициите и зголемената доверба во економијата даваат позитивни резултати.
Невработеност во првиот квартал од 2019 година е намалена на 17,8 отсто, што е историски најниско ниво на невработеност од независноста до денеска.
За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.
Ваквите позитивни трендови се дополнителен стимул за уште поголем економски раст.
Извесното полноправно членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили позитивниот тренд на намалување на невработеноста.
Грижата кон граѓаните, кон државата продоложува, зборот важи!