Истражувањето на Институтот СОМ при Универзитетот во Гетеборг откри големи разлики во политичките ставови кај мажите и жените, пренесуваат шведските медиуми. Според истражувањето, мажите и жените се повеќе се расправаат еден со друг за традиционалниот левичарски политички спектар.
Додека жените покажауваат поголеми симпатии кон Левичарската партија, која порано беше позната како Комунистичка партија на Шведска и во моментов е „најлева“ левичарската партија во шведскиот Парламент, мажите застанаа на страната на Шведските Демократи, кои, пак, се единствената парламентарна десничарска, антимигрантска партија.
За да се стават нештата во перспектива, по Втората светска војна, мажите се уште беа полевичарски настроени отколку жените.
„Забележуваме голем јаз меѓу мажите и жените. Разликите се зголемија неодамна”, изјави во интервју за „Свенска дагбладет“ Патрик Охберг, вонреден професор по политички науки. Според студијата, мажите покажуваат поголем интерес за имиграциската политика, додека жените имаат поголем интерес за родова еднаквост. Оваа тенденција веќе се манифестираше на парламентарните избори во 2018 година, на кои Шведските Демократи ќе победеа да гласаа само мажите. Шведските жени, пак, со големо мнозинство ги поддржаа левичарските партии, кои ќе победеја со јасно мнозинство да гласаа само жените.
Резултатите донекаде се спротивни на очекувањата на истражувачите бидејќи, теоретски, разликите треба да ја исправат рамноправната положба на половите во Шведска.
„Постојат неколку теории. Еден вели дека разликите меѓу жените и мажите се зголемуваат зашто жените и мажите се фундаментално различни и колку повеќе поединци имаат поголема слобода, толку појасни стануваат разликите. Втората теорија, пак, вели дека разликите што ги согледуваме се засноваат на родовите улоги, а бидејќи родовите улоги стануваат помалку важни, индивидуалните избори треба да бидат поцентрални и со тоа да се намалат разликите помеѓу жените и мажите”, објасни Охберг.
Студијата, исто така, забележа значителен јаз во перцепцијата за родова еднаквост помеѓу мажите и жените. Според студијата, 51 отсто од мажите и 67 отсто од жените се залагаат за зголемена родова еднаквост, јаз кој останува повеќе или помалку недопрен од 1990-тите.
Родовата еднаквост стана жешка тема во многу дебати, по кампањата #MeToo против малтретирање и дебатата за абортус. Охберг тврдеше дека постои ризик оти родовата еднаквост ќе стане сè пополаризирачко прашање.