Јужна Кореја и Велика Британија постигнаа принципиелна согласност да потпишат договор за слободна трговија пред Брегзит. Тоа го соопшти јужнокорејското Министерство за трговија и енергетика.
Зделката ќе и помогне на Јужна Кореја да ја намали до минимум трговската несигурност и да поддржи трговија со Велика Британија врз основа на сегашен договор за слободна трговија што го има Сеул со ЕУ.
Според министерството, во договорот ќе бидат вклучени „нула” царини за јужнокорејски извоз на делови за автомобили и за автомобили.
„Јужна Кореја исто така се подготвува и за други можни сценарија вклучително и брегзит без договор”, наведува министерството. Сеул има намера ратификација на договорот пред 31 октомври кога е предвидено Лондон да ја напушти ЕУ.