Одговорност се превзема лично, храбро и со крената глава пред оние кои што те избрале, а не кукавички во бегство и криејќи се зад диктатори кои делат слични верувања.
Причините за мојата оставка, ги образложив и ги наведов во повеќе наврати, нема да навлегувам сега во нив.
Тоа што сакам да го потенцирам е дека и ден денес, Никола Груевски сеуште раководи со ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски и сегашното раководство се само добри партиски послушници кои верно работат за својот побегнат лидер.
Ти покажаа дека не можат да бидат ништо друго освен партиски послушници, кои кога треба да одлучуват со својата глава се кријат зад банални и смешни објаснувања.
Секој ден покажуваат дека етиката и моралот, за нив се само празни фрази, зборови без вистинско значење, кои им служат само за добивање на брзи политички поени.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон својот пастир од Будимпешта се виде и на расправата за Комисијата за деловнички и мандатни имунитетни прашања, каде и покрај декларативната насока дека треба да постапуваат согласно уставот и законите, тие тоа го сфатија како предизвик да се обидат законски да го оправдаат неоправданото отсуство на Никола Груевски и да тврдат дека неговото бегство од македонската правда, всушност е оправдано отсуство од овој законодавен дом, за кој што не треба да му биде одземен мандатот.
Помеѓу Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сеуште постои папочна врска, која што не само што е видлива и присутна, туку е, и за жал, нераскинлива. Мицкоски како и Груевски, многу пати пред него, повторно проба да се сокрие зад пратениците. Како што кажав, тие не гласаа под предлогот за одземање на мамандатот на нивниот лидер, а кога стана болно очигледно дека не можат никого да убедат во оправданоста на неговото отсуство, тие повторно тргнаа срамно да лажат, дека Груевски и партијата имаат етика и морал и дека тој поднесува оставка. Онака, поднесе оставка патриотски од тајни подруми во Будимпешта, криејќи се толку далеку од народот, кој наводно толку многу го сакаше и на кој толку многу се повикуваше.
Како што споменав и претходно, без разлика на околностите, јас и сега веќе мојата поранешна пратеничка група, нема да ја оспоруваме одлуката да му биде прифатена оставката која не е лично поднесена.
Како одговор на парламентарното мнозинство, нема да дозволиме и не дозволивме, бегалецот Никола Груевски, уште шест месеци, да зема плата од парите на граѓаните, а тие пари да ги троши на скапи хотелски сместувања, на скапи ручеци и вечери и на забави по бродови на Дунав.
Од денес, Никола Груевски, во оваа држава е само бегалец од правдата и ништо повеќе.
Збогум Никола! Збогум, бидејќи во оваа држава може да се вратиш само со лисици на рацете и во оваа држава ќе бидеш добредојден само на едно место каде што можеш да бидеш добредојден, во затвор, за да си ја одлежиш казната за злосторствата против нашиот народ и против нашата држава.