ВМРО-ДПМНЕ:Лицемерно е СДСМ да се фали со мерки кога сиромаштијата е искачена на енормно ниво

Лицемерно е СДСМ да се фали со мерки кога сиромаштијата е искачена на енормно ниво. Откако СДСМ дојде на власт бројката на сиромашните се искачи на 500.000 граѓани.

Владата на СДСМ не прифати мерка со која домаќинствата  кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение. Владата на СДСМ ниту прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари. Заев и неговата криминална влада не прифатија да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари. Време е СДСМ и Зоран Заев да одговараат за сиот криминал кој го имаат сторено, и за нивното расипничко трошење на народните пари.

 

Треба да знаете
Последни објави