Ѓоко Котевски е разрешен од функцијата дирктор на КПУ„Завор Скопје“ и на негово мсто е назначаен Есад Рахиќ, било решено на владина седница.
Котевски си поднесе оставка во февруари заради инцидентот со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во дворот на затворот. Оставката беше привременo сопрена поради изборите.
На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.