Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, пристигна денеска во Приштина по повод одбележувањето на 20-годишнината од влезот на НАТО-силите во Косово.
Тој беше дочекан на аеродромот од страна на косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли.
„Добредојдовте помеѓу вашето семејство во Косово, господине претседателе“, напиша Пацоли на „Фејсбук“.
Клинтон престојува во хотел во центарот на Приштина, што го обезбедуваат полициски силли.
Попладнево тој ќе се состане со косовскиот претседател Хашим Тачи и со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.