По серијата буџетски кратења како дел од Декретот за безбедност и миграција на популистичкиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини, Здружението на помагачи на мигрантите тврди дека биле принудени да отпуштат илјадници вработени, пренесува „Ил џорнале“.
Сојузот на италијанската конфедерација на трудот (CGIL) ја објави жалбата, велејќи дека досега промигрантските групи биле принудени да отпуштаат околу 5.000 работници поради намалувањето на средствата со декретот и додаде дека социјалните центри до крајот на годината ќе мора да отпуштат 15.000 луѓе.
Стефано Сабато од Сојузот го коментираше ефектот од намалувањето на средствата врз миграција, велејќи:
„Во моментов сме принудени да почнеме околу 5.000 процедури за отпуштање, на кои реагираме со достапните алатк, солидарни договори и фондови за интеграција на платите, но нашиот интерес е да ги обновиме обичните мрежи за социјална сигурност за да се справиме со драматичната ситуација што не можеме да ја управуваме”.
„Ако декретот не се реформира или не се измени во рок од 12 месеци, сепак ќе треба да почнеме процедури за масовно отпуштање”, додаде Сабато.
Директорот на најголемиот миграциски центар во Италија ги критикуваше поборниците за отворени граници дека им нанеле повеќе штета отколку добро на Италија и на мигрантите.
Најавата за масовни отпуштања во секторот за примање мигранти доаѓа само неколку месеци откако левичарските групи се пожалија дека нивниот профит ќе падне како резултат на декретот за безбедност.
Уште во 2016 година беше откриено дека мафијашки групи биле вклучени во земањето пари од италијанската држава за да управуваат со центрите за азил, но не само што заработиле огромни сумо, туку на мигрантите им давале супстандардни животни услови и храна, а им наплатувале и пари за заштита на мигрантите.
Додека левичарските НВО и другите промигрантски групи ја осудија цврстата политика против миграцијата на Салвини, минатата година шефот на најголемиот приемен центар во земјата призна дека политиките за отворени граници биле негативни и за Италијанците и за самите мигранти.