„Тврдина-Таргет“, денес со повторно рочиште. Во Основниот суд Скопје 1 продолжуваат вкрстените прашања на кои право имаат сите обвинети во овој случај, покрај Мијалков, а тоа се Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски и шестмина вработени во УБК. Мијалков со прашање до инженерот во петтата управа на МВР Звонко Костовски зошто внесувале двд-уред во МВР и ризикувале да снимаат односно префрлуваат снимени разговори на него, па потоа го изнесувале, кога можеле тоа на стикче да го снимат и дома или на друг компјутер да ги складираат тие разговори.
„Така решивме со Ѓорѓи Лазаревски да работиме“, одговори Костовски.
На почетокот, Мијалков повторно побара Костовски да прикаже доказ за неговите тврдења во сведочењето. Костовски рече дека такви докази нема, а Мијалков иронично искоментира дека треба да му се верува само на зборот.
Во Основниот суд Скопје 1 продолжуваат вкрстените прашања на кои право имаат сите обвинети во овој случај, покрај Мијалков, а тоа се Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски и шестмина вработени во УБК.
Првото рочиште беше одржано на 17 јануари 2018 година, а постапката е закочена неколку месеци на сослушување на вториот сведок на СЈО.
Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.