Скопјанец украл автомобил па направил сообраќајка по полициската бркотница низ скопската населба Автокоманда.
Полицијата вчера околу 17 часот на булеварот Александар Македонски го уапсила Н.Ќ.(36) од Скопје осомничен за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.
Истрагата утврдила дека истиот ден, половина час претходно, С.Н.(46) од Скопје пријавил дека на улица Даме Груев му бил украден автомобилот „ауди А6“, во сопственост на фирма од Скопје, кое тој го оставил со клучот внатре и со вклучен мотор.
Набргу потоа, возилото било забележано во близина на кејот на реката Вардар. Но, и покрај наредбата да застане, Н.Ќ. продолжил и со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал. Додека, третиот полициски службеник со службено возило „бмв“ тргнал по него и успеал да го престигне. Притоа, на булеварот Александар Македонски, Н.Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил фатен и лишен од слобода.
Претходно, додека бегал со одземеното возило, Н.Ќ. удрил и оштетил три други возила: „голф“, „фиат пунто“ и „фолксваген голф 4“, како и службеното возило „бмв“. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „голф 4“, Д.М. и сопатникот во истото возило Ј.К., додека полицискиот службеник кој го лишил од слобода Н.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди.
Тие биле пренесени во болницата „8-ми Септември “, каде им била укажана лекарска помош. По целосно докуменитрање на случајот против Н.Ќ ќе биде поднесена соодветна пријава.