Советникот на ДУИ од Општина Охрид се однесува како локален шериф покажувајќи ја неговата сила на власт, што вчера ескалираше за време на седницата на општинскиот совет на Општина Охрид , каде што на вандален начин, како што им личи само на бандити, го нападнал нашиот советник Џемал Мена, велат од партијата Беса.
„Причината за овој физички напад бил одбивањето за гласање на точките на мнозинството СДСМ-ДУИ од страна на нашиот советник во општинскиот совет Охрид. За да се објасни точно на јавноста, Движење Беса не е дел од мнозинството на Општина Охрид, при што како опозициона партија нема обврска да гласа за сè што ќе биде сервирано од страна на мнозинството. Исто така, сведоци сме дека некои од медиумите веќе ја информираа јавноста за проблемот на дивоградбите во Охрид. Според истражувањата на тие медиуми зад тие дивоградби застанува точно советникот на ДУИ во Охрид, затоа денес јавно кажуваме дека гласот на Движење Беса никогаш нема да биде на услуга на урбаната мафија или бандитската политика на ДУИ во Охрид, што со нивниот молк и СДСМ ги поддржува“, велат од партијата.
Од Беса бараат органите на правдата да заземат конкретни чекори за, како што велат, напаѓачот од ДУИ да ја добие заслужената казна за насилството, како и МВР да гарантира безбедност на граѓаните и нивните претставници за да можат да го изразат слободно нивното мислење.
Партијата апелира до ДУИ итно да се огради од нивниот советник.
„Еве како од еден конкретен случај треба да го почнуват таканаречениот партиски ветинг, во спротивно ќе се потврди дека како и во минатото секоја нивна иницијатива е само за политички поени, а не е за подобрувањето на претставувањето на Албанците.
Исто така бараме од СДСМ да се огради од насилството на советникот на ДУИ во Охрид како дел од нивното мнозинство, во спротивно ќе се потврди тоа што многу граѓани се сомневат, дека СДСМ е најголемиот заштитник на коруптирани и криминални структури на ДУИ“, велат од Беса.