Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, по завршување на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, имал жестока вербална пресметка со делегацијата на Приштина, пренесе „Танјуг“.
Пред да излезе од салата, Дачиќ ја продолжил расправијата со амбасадорката на Косово во ОН, Влора Читаку, поради нејзиниот говор за угнетувањето на Албанците на Косово и Метохија како и за прославата на 20-годишнината од, како што рекла, ослободувањето на КиМ.
Расправијата ја пренесе токму Читаку, која на својот профил на „Твитер“ објави дека по завршување на седницата Дачиќ ги навредувал членовите на косовската делегација. Во еден момент на видеото се слуша како Дачиќ им вели: „Вие сте глупави колку што сте тешки“.
After today’s #UNSC session on #Kosovo, as I was speaking with the #US & #UK delegations, the Serbian FM came after me shouting, spewing insults towards me & the #Kosovo delegation
“The ones you are sitting with are your colonizers” he said (referring to #USA & #UK) pic.twitter.com/HBRa6bfO7I
— Vlora Çitaku 🌻 (@vloracitaku) June 10, 2019