Државата блеска само во очите на СДСМ и Зоран Заев, додека обичните граѓани едвај преживуваат.
Поминаа две години откако тие се на власт, а 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.
Граѓаните видоа дека оваа ненародна власт не води грижа за нив. Владата не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.
СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.
Граѓаните се сведоци како Заев и неговата влада не прифатија да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.
Сите штетни мерки што ги спроведе Заев и неговата Влада, граѓаните ќе бараат одговорност.
Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават.