ДУИ денеска ја демантира информацијата за разрешување на претседателите на ограноците.
– “На актуелните претседатели на ограноците на ДУИ, мандатот им истече уште минатата година, и како што ја информоравме јавноста, на состанокот на претседателството и Централниот Совет пред претседателските избори, се формираше работна група одговорна за одржување на собранието на форумот на младите и на жените, регистрацијата на членството, одржувањето на изборите при локалните подограници и ограноците како и организација на изборниот конгрес на ДУИ. Го избравме новото претседателство на форумот на младите и на жените на масовни и спектакуларни собранија, ја завршивме регистрацијата на членството и следен чекор е организирање на внатрешнопартиските избори. Затоа, на вчерашниот состанок на претседателството се одредија одговорните лица за спроведување на изборите во секој огранок. По овој Изборен процес следува организирањето на изборниот конгрес на ДУИ, вели Артан Груби во реакцијата.