На 10.06.2019 година во 14.25 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека на улица „Народни Херои“, во стан сопственост на МС.(58) избувнал пожар. Од пожарот биле зафатени уште два стана и тие биле целосно опожарени, а оштетени биле повеќе станови од чад и вода при гаснењето. Пожарот бил изгаснат во 17.25 часот од Бригадата за противпожарна заштита. Со возило на Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени шест лица – станари на зградата поради вдишување на чад. Исто така, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени и тројца пожарникари поради вдишување на чад. Увид ќе се врши во текот на денот.