Лидерот на Торонто, Каваи Ленард ја прокоментира повредата на Кевин Дурант.
Ѕвездата на Голден Стејт доби повреда на Ахиловата тетива на десната нога во петтиот финален натпревар меѓу „воините” и „диносаурисите”, а неговиот колега од канадскиот тим изрази уверување дека Кеј Ди ќе се врати посилен од порано.
– Кога помислив на ситуацијата, тоа навистина е ужасно. Работиш толку напорно за да стигнеш до овој момент. Ова се последните натпревари сезонава. Сочувствувам со него. Сум бил во слична ситуација и му посакувам брзо закрепнување. Се надевам дека ќе биде силен психички во целиот процес на закрепнување. Сите ние работиме неверојатно напорно за да бидеме во НБА и да стигнеме до финалето. Убеден сум дека тој ќе се врати посилен, изјави Леонард, кој беше во слична ситуација во претпоследната сезона во Сан Антонио.
Тогаш 27-годишниот кошаркар одигра едвај 9 натпревари, бидејќи долго време се опоравуваше од повреда на мускулот на бутот.