На 10.06.2019 година во 16.15 часот на автопатот „Мајка Тереза“, во атарот на с.Буковиќ, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фиат Сеиченто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(43) од с.Трубарево, скопско, патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Ново Село, тетовско и товарно возило „Пежо Бипер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(44) од Скопје. Во незгодата, тројцата возачи, како и сопатничката во товарното возило „Пежо Бипер“, Е.Р.(36) од Скопје, се здобиле со повреди. Ј.Д. и А.Д. се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека А.С. и Е.Р. се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.