Поранешниот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас изјави денеска пред шпанскиот Врховен суд дека гласањето на забранетиот референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија не може да се смета за злосторство.
Жункерас е еден од десетмината политичари и активисти на кои им се суди поради неуспешниот обид во 2017 година да го направат овој регион независна република преку одржување референдум, иако судовите го забранија.
Државни обвинители го товарат Жункерас поради бунт, за што е предвидена казна затвор до 25 години.
Четири месечното сослушување заврши денеска, а Жункерас во завршните зборови нагласи дека прашањето за каталонската независност спаѓа во политичка сфера, а не за во судница.