Селекторот на Франција, Венсан Коле ќе се потпира на најдобрите кошаркари на земјата за светското првенство во кошарка во Кина кон крајот на летото.
„Петлите” се во група заедно со Доминиканската Република, Германија и Јордан во првата фаза на СП 2019.
Еве на кои кошаркари ќе се потпира Коле на СП:
Ендрју Албиси (МораБанк Андора), Никола Батум (Шарлот Хорнетс), Нандо Де Коло (ЦСКА Москва), Еван Фурние (Орландо), Руди Гобер (Јута Џез), Тома Јуртел (Барселона), Луј Лабеири (Валенсија), Пол Лаком (Монако), Матиа Лесор (Колосос Родос), Тимоти Луау-Кабаро (Чикаго Булс), Амато М’Баје (Виртус Болоња), Адриен Морман (Анадолу Ефес), Франк Нтиликина (Њујорк Никс), Венсан Поарие (Баскониja) Аксел Тупан (Олимпијакос).