(Видео) Драматична акција среде автопат: Уапсен британски дилер со 186 килограми кокаин

Полицијата во Велика Британија запре група дилери на дрога среде автопатот. На драматична снимка од апсењето, која беше објавена од тамошните медиуми, се гледа како полицајците ги извлекуваат дилерите од возилото и ги фрлаат на земјата.

Снимките направени од хеликоптер покажуваат полициски службеници кои присилно сопираат сино комбе и „нисан кашкаи“, кој се наоѓа зад него.

Британските медиуми објавија дека станува збор за најголемата заплена на кокаин во Велика Британија, чија вредност се проценува на 22 милиона евра.

Детективите дошле до информации за конвојот додека истражувале криминална банда присутна во северна Англија, при што добиле сигурни податоци за движењето на групата и нивните планови.

При апсењето биле пребарани и двете возила, а кокаинот бил пронајден скриен во тајни метални фиоки под лажниот под.

https://youtu.be/QGNU-ePElYc

Пакетот од 186 килограми бил под закрила на лидерот на бандата Џејми Симпсон (31), кој детективите го опишале како смирен и арогантен.

Симпсон и тројца членови на неговата банда осудени се вкупно на 35 години затвор. Во рамките на целата операција осудени се вкупно 17 лица на 120 години.

На снимката од хеликоптерот се гледа човек облечен во бело и сиво како лежи на земјата, а полицијата потврди дека токму тој е лидерот на бандата, Симпсон.

Треба да знаете
Последни објави