Американскиот претседател Доналд Трамп случајно откри детаљи за договорот за имиграција со Мексико. Како што пренесуваат светските медиуми, тој мавтал со хартии, на кои наводно, биле детаљите од договорот.
Претходно, тој одбиваше да ги каже плановите, наведувајќи дека тие се тајна, јави Би-Би-Си.
Фото-репортери успеале да ги фотографираат листовите кои ги држел Трамп во раката, ги зголемиле добиените фотографии и на тој начин ги откриле детаљите на договорот, во кој се наведува дека Мексико ќе биде означен како трета земја и дека Мексико се обврзува веднаш да ги преиспита своите закони за да може да стане трета земја.
Планот, меѓу другото, содржи делови од регионалниот план за азил во кој ќе бидат вклучени неколку јужноамерикански земји кои прифаќаат мигранти.