Георгиевски: Голем срам за Косово оти не покани македонска делегација за прославата

Поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-Народна партијаЉубчо Георгиевски на својот Фејбук профил ги искритикува властите на Косово оти не поканија македонска делегација на прославата 20 години од влегувањето на НАТО- трупите односно од „денот на ослободувањето на Косово од српската власт“. Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.

– На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива. А потоа ни вратија со воена агресија, напиша Георгиевски.

https://www.facebook.com/ljgeorgievski/posts/10157076469403758?__xts__%5B0%5D=68.ARCUgvnl3-FAFwJcDNflE1wXalZPvk_oYOzJ9atY6hOTVsFRTgo0gYHYvqyjuOVdrLvr4gqiLaiAAiHVgPNbEl1D2Dkq3PnrPK5hjqJ1GKH6OR6EvNVKTqtUI_ugM2zW4AdgsaGI7Hc8jJKh_1MTRDg2DZZVfrndJIEKMlShhzdplZ9WlCP92BMrMBQEGK0OhxqrbNgoqFEAkDZgULNQwSxHGJ4X1yXRW9o1pKstzxoOirvtUjKS4upeUqVpJrc3SrtqQYk208UKNiPmFZ3M93fHbWvsLx31kQNkOJpk6pzYMBmAE3NbYVI-U35yJcGtVLY1JCyNbtdAig&__tn__=-R

 

Треба да знаете
Последни објави