Каjри Ирвинг нема да ја искористи можноста да го продолжи договорот со Бостон за уште една година и ќе стане слободен агент. 27-годишниот бек може да ја активира клаузулата за која станува збор и да обезбеди 21,3 милиони долари следната сезона, но ќе си ја проба среќата на пазарот за да обезбеди подобра зделка-за себе или за Селтикс.
Ирвинг пристигна во Бостон пред почетокот на сезоната 2017/2018 и за две години забележа 127 натпревари за Келтите во регуларната сезона, со 24,1 поен, 5,5 асистенции, 3,4 скока и 1,3 украдени топки. Во 9 плејоф-натпревари за тимот од северот на САД, тој имаше 21,3 поени, 7,0 асистенции, 4,4 скока и 1,3 украдени топки по меч.
Пред тоа, Каири помина шест сезони во Кливленд, освојувајќи ја титулата во 2016 година.