Клиниката за ендокринологија ги осигурува лекарите од лекарска грешка со народски пари

Клиниката за ендокринлогија ги осигурува лекарите од лекарска грешка кон трети лица со народски пари, дознава 24 инфо. Станува збор за 17 специјалисти вработени на Клиниката кои се осигуруваат за исплата на штета доколку при своето работење направат пропуст. Во моментов се бара осигурителна компанија која ќе ги осигура истите на штета направена на годишно ниво од 100.000 евра, а со максимално покритеие од 50.000 евра по штетен настан. Директорт на Клиниката Гоце Велјановски вели дека ова не е нешто што се прави прв пат и дека го правеле и порано, но тврди дека се 100.000 денари, а не евра како што стои на сајтот на Електронски јавни набавки.

На Електронскиот систем за јавни набавки осамна оглас со кој се бара тендерска документација за набавка на мала вредност од Универзитетска Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања -Скопје за осигурување. Понатаму во текстот во делот  Технички спецификации се бара фирма или компанија која ни повеќе ни помалку ќе треба да работи на осигурување на лекарите вработени на клиниката.  При тоа предмет на осигурување од професионална одговорност е всушност лекарската грешка.

-„Осигурувањето од професионална одговорност треба да ја опфаќа секоја грешка што ќе настане кон трети лица со вкупен годишен агрегат од 100.000 евра со максимално покритеие од 50.000 евра по штетен настан- стои во огласот за јавна набавка.

Директорот на Клиниката др. Гоце Велјаноски за 24 инфо потврди дека има ваков оглас за јавна набавка но вели дека не се евра туку денари.

-Ова е јавна набавка која се прави и не е нешто невообичаено да се осигурваат лекарите од лекарска грешка. Но не во евра туку во денари. Значи не се 100.000 евра туку 100.000 денари, Ние немаме толку пари како клиника да се евра, вели Велјановски.

Но на огласот јасно стои дека се евра. Дали ќе има измени на сумата деновиве ќе видиме, но останува фактот дека лекарите од своите грешки се осигуруваат со народски пари.

Се обративме и до Министерството за здравство од каде одговор најавија за текот на денот.

Валентина Ангеловска

 

Треба да знаете
Последни објави