Албанскиот претседател Илир Мета доцна попладнево ќе ги почне консултациите со политичките партии, во функција на надминување на политичката криза во земјата.
Според најавите се очекува на средбите да се разговара и за одредување на новиот датум за одржување на локалните избори,кои Мета најпрво ги закажа за 30 јуни,но како што образложи со цел да се избегне ескалација на кризата во граѓански конфликт, истите ги одложи.
Кај него во 19:00 часот ќе бидат партиите од десниот центар,откако тој ќе се врати од Косово каде присуствува на одбележувањето на 20-есет годишнината од влегувањето на силите на НАТО.
Се уште нема потврда кога ќе има средба со владејачката левица и дали премиерот Еди Рама ќе ја прфати или не поканата на Мета поаќајќи од фактот дека тој категорично изјавува дека избори на 30-ти јуни ќе има и по одложување на истите од страна на претседателот.
На верашната седница на претседателот на Парламентот Грамоз Ручи со коорднаторите на пратеничките групи е договорено на утрешната пленарна седница да се расправа по барањето за импичмент за шефот на државата.