Над 30 луѓе загинаа во Камерун при напад на Боко харам

Над 30 лица загинаа, вклучувајќи и 16 камерунски војници, во напад извршен од страна на исламската група Боко харам во неделата на мал остров на езерото Чад на крајниот север од Камерун, изјави локалниот градоначалник Али Рамат за „Ројтерс“.

Бројот на убиените во областа Дарак, што го потврдија и воени извори, е еден од најлошите злосторства што Боко харам ги извршила во Камерун последниве години.

Треба да знаете
Последни објави