– Велика Британија е на прво место во Европа според бројни технолошки компании чија вредност е повеќе од милијарда долари, според анкетата на британската влада во момент кога се оджува „Лондонската недела на техниката”, објавија британските медиуми.
По бројот на технолошки гиганти во светот пред Велика Британија се САД и Кина.
Истражувањето покажа дека претприемачите од Велика Британија во изминатите 20 години имаат воспоставено 72 такви бизниси, вклучувајќи 13 минатата година, со тоа што само САД и Кина ги надминуваат тие бројки, Германија има 29 и Индија 26. Исто така, се вели дека САД и Кина во истиот период создале околу 703 и 206 технолошки фирми.
Повеќе од една третина од компаниите што брзо се развиваат вклучувајќи ги и TechUK, Google, Facebook, BT и Apple, имаат седишта во Велика Британија, покажува студија на владиниот Совет за дигитална економија.
Лондон предводи во дигитален развој низ Стариот континент, со 45 нови компании базирани во градот, вклучувајќи ги и 18 финтек фирми како Monzo,Revolut и OakNorth.
Студијата e објавена кога глобалните технолошки компании ветија дека ќе инвестираат повеќе од 1,2 милијарди фунти во Велика Британија.
Лондонската недела на техниката се одржува оваа година по шести пат, а за пет дена колку што трае, ќе биде организиран голем број настани со цел да се промовира технолошкиот сектор.