Русковска: Се водат неколку истраги за актуелни функционери

Се водат неколку истраги и предистраги за неколку актуелни функционери, изјави Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција по конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што се одржува во Јавното обвинителство.

-Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни. Станува збор за економски криминал и корупција, рече Русковска.

 

Треба да знаете
Последни објави