СДСМ: Вељановски, Милошоски, Димовски да не чекаат туку веднаш да си поднесат оставки

Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини, само заради индиции претставува висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност, тоа е јасно.

Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си дадат оставки од своите функции.

Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат трошка кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.

 

Треба да знаете
Последни објави