Трипуновски: Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми

Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми. Градинарските култури во струмичко, како што се краставицата, доматот и пиперката се соочуваат со катастрофално ниски цени, кои се надвор од секаква рентабилност, а власта не презема ништо во насока на решавање на проблемите. Откупот е многу слаб, а кога го има цените се многу ниски.

На самиот почеток на откупната сезона цената е под секаква рентабилност. Краставиците се откупуваат за 5 денари, доматите за 15 денари, а пиперката за 20 денари по килограм.

Самиот факт што на  почеток на откуп цените се ниски, кажува дека до крајот на сезоната откупната цена ќе биде под секакво ниво и крајно недостоинствена. Доколку во најкраток можен рок власта не преземе нешто во насока на решавање на проблемите на земјоделците повторно ќе бидеме сведоци на зеленчук кој наместо на зелените пазари ќе заврши на локалните депонии.

Земјоделците се соочуваат со големи проблеми да обезбедат средства за своите семејства. Инвестирале и работеле, а сега нема да можат ниту да си ја повратат и инвестицијата, а не пак да заработат нешто плус.

Заев и Николовски за време на парламентарните избори 2016 година ветуваа загарантиран откуп високи и стабилни откупни цени, но очигледно не мислеле на земјоделските производи, туку на марихуаната која што ја одгледуваат фамилијата Заеви.

 

Додека бизнисот со марихуана на Заеви им цвета, земјоделците кои одгледуваат земјоделски производи не можат да го продадат својот род затоа што власта која што им го вети откупот не им го обезбеди, ниту загарантирани откупни цени.

Зоран Заев и министерот Николовски кој не знаеме дали се уште е министер, да излезат на терен и веднаш да преземат мерки за усогласување на откупната цена. Заев наместо да гази црвени теписи низ светот, заедно со само за него успешниот министер Николовски нека се потрудат да обезбедат откуп на земјоделските производи. Земјоделците не смеат да претрпат уште една катастрофална година.

Треба да знаете
Последни објави