Новиот тренер на Интер пристигна во Милано со јасна идеја за реновирање на тимот, а италијанските медиуми сметаат дека веќе ја знаат неговата листа со летни желби и потенцијални засилувања.
Антонио Конте ќе се вклучи во трката за трансфер на дури четворица играчи на Реал Мадрид, кои веројатно следната сезона нема да бидат во прв план кај „кралскиот клуб“.
Откако Интер обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона, клубот веројатно ќе биде во можност да привлече играчи со сериозен квалитет, а помеѓу најпосакуваните мети се четворица играчи од Реал Мадрид. Се работи за Герет Бејл, Лукас Васкез, Начо и Матео Ковачиќ.
Сите четворица играчи се наоѓаат на листата на „отпишани“ од страна на Зинедин Зидан, кој им напомена дека можат да почнат да си бараат нов клуб бидејќи не се во неговите планови за следната сезона.