Џафери се сретна со директорот на Центарот за безбедносна соработка РАКВИАК

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со директорот на Центарот за безбедносна соработка РАКВИАК, генерал Јероним Базо.

Џафери се заложил за продлабочување на соработката со Регионалниот центар за контрола и верификација на вооружувањето, а се осврнал и на принципите за кои се залага РАКВИАК кои треба да ги почитуваме како членка на РАКВИАК.

Генералот Базо упатил благодарност за успешно реализираната конференција на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Северна Македонија и РАКВИАК, што се одржа минатата година во Скопје.

Од страна на Базо, како што се посочува во соопштението од Собранието на Северна Македонија, позитивно се оценети актуелните случувања во државава.

Треба да знаете
Последни објави