Откриени најмалку 60 мртви фоки на брегот на Аљаска

Најмалку 60 мртви фоки се откриени на брегот на Беринговото и Чукотското море во северозападна Аљаска, а научниците се обидуваат да откријат што е причината за нивната смрт соопшти Националната управа за океани и атмосфера.

Угинатите брадести, пегави и престенести фоки се пронајдени во областа од јужниот дел на Беринговото море до брегот на Чукотското море над Арктичкиот круг, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави