Ферари нема да поднесе жалба за казната на Фетел

Ферари се откажа од официјална жалба по повод казната од пет секунди на пилотот Себастијан Фетел за време на Гран При на Канада .

Казната дојде откако германскиот пилот го затвори Луис Хамилтон во 48-от круг на трката и соодветно беше казнет бидејќи стјуардите мислеа дека се вратил небезбедно на патеката во четвртиот завој. И покрај тоа што заврши на првата позиција, Фетел на крајот беше симнат на второ место, а победата отиде кај Хамилтон.

Првично Ферари беше исклучително незадоволен од одлуката и ја информираше ФИА дека ќе поднесе жалба на казната, но на крајот тоа нема да го направат.

Треба да знаете
Последни објави