Највисоката зграда во Чикаго е „Вилис тауер“, висока 527 метри. На 103. кат од оваа зграда поставен е стаклен видиковец, кој стана атракција за туристите од целиот свет. Меѓутоа, при една неодамнешна тура со посетители заштитниот слој со кој е прекриен овој стаклен балкон почнал да пука под нозете на туристите.
Стаклото почнало да пука додека луѓето биле на него, но портпаролот на зградата рече дека никој не бил доведен во опасност.
„Имаше жена со две деца и тие изгледаа навистина преплашено бидејќи подот почна да пука“, изјавил Хесус Пинтадо за Си-би-ес, кој ја направил снимката на која се гледа испуканото стакло. Меѓутоа, според изјавата на надлежните, токму тоа е начинот на кој треба да реагира заштитниот слој. Испуканото заштитно стакло веќе е заменето со ново и турите повторно нормално се реализираат.
Секоја година околу 1,7 милион луѓе ја посетуваат оваа атракција отворена во 2009. Во 2014 видиковецот беше кратко затворен исто така поради пукање на заштитното стакло.