Контроверзен билборд по повод Денот на државноста на Словенија

Во Љубљана осамна билборд на кој се наоѓа фотографија на војник во униформа на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) со подигнати раце во знак на предавање.

Нарачател на билбордот е опозициската конзервативна Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, која на овој начин на Словенците им го честита Денот на државноста на Словенија – 25 јуни.

Билбордот предизвика бура во јавноста и на социјалните мрежи со оценки и коментари дека ваквата постапка на СДС е „несоодветна и невкусна”.

Словенија прогласи независност од поранешна СФР Југославија со усвојување на Основната уставна повелба од страна на словенечкиот Парламент на 25 јуни 1991 година.

Треба да знаете
Последни објави