Сопственикот на јапонскиот брод Kokuku Courageous сеогласи денеска по нападот врз неговиот танкер во Оманскиот Залив. Јутака Катада од Токио изјави дека морнарите на бродот пред нападот виделе ‘летечки објекти “, што би значело дека мините не го оштетиле бродот. Тој не понуди никакви докази за тврдењата, кои се во спротивност со објавата на САД во врска со нападот, објави АП.
Катада рече дека екипажот го забележал и ирански воен брод, но не прецизираше дали го виделе пред или по нападот.
Нападите се случија во четвртокот в зори, 40 километри од јужниот брег на Иран. Танкерот Front Altair, исполнет со нафта од Обединети Арапски Емирати се запалил ан и повикал помош, а веднаш потоа се запалил и бродот Kokuku Courageous, кој преносувал метанол од Саудиска Арабија и Катар.
Американската Централна команда пушти утринава видео, за кое тврдат дека покажува како екипаж на ирански патролен брод отстранува неексплодирана мина залепена на еден од танкерите.
Иран, пак, денеска соопшти дека е одговорен за одржување на безбедноста во теснецот Хормуз во заливот, додавајќи дека обвинувањата од САД се “загрижувачки”.