Принцот Хари беше гостин на хуманитарен концерт за заболени од ХИВ/ СИДА во Хамптон Корт Палас во Лондон , каде настапи пејачката Рита Ора. Британската пејачка со косовско потекло не го криеше одушевувањето од средбата со принцот. Таа беше во друштво на мајка ѝ кога му пријде на Хари и силно го прегрна.
Рита ги објави фотографиите на Инстаграм со текст во кој меѓу другото се заблагодарува на фондацијата на принцот што била повикана да настапи.
Во коментарите , нејзините фанови изразуваат одушевување од Рита и принцот со зборовите дека таа е принцезата која требало да се омажи за Хенри. ,,Рита , ти би била прекрасна принцеза…Вие двајца сте толку убави…Вистинска англиска кралица …” , беа дел од коментарите.
Оваа средба се случува среде аферата според која принцот Хари , додека бил во љубовна врска со Меган Маркл , имал афера со манекенката Сара Ана Маклин. Хари Меган пред еден месец за прв ат станаа родители. Меган го роди синот Арчи Харисон, а минатиот викенд за прв пат се појавијавноста на службената прослава на роденденот на Кралицата Елизабета.