Две лица се повредени во сообраќајката кај граничниот премин Блаце, пренесени се на Ургентниот центар во Скопје. Во несреќата учествувале автомобил „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки и „Рено клио“ со косовски таблички, пренесува весникот КОХА.
До несреќата дошло кога возачот на реното претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во бмв-то што наидувало од спротивниот правец.
Граѓаните помагале додека да дојде Брза помош.