На адресата на Кристијано Роналдо во Торино стигнала покана з на суд поради обвинението за силување на Американката Кетрин Мајорга. Иако медиумите шпекулираа дека обвинението против Португалецот е повлечено, денеска стигна информација дека процесот продолжува.
Мајорга го обвини Роналдо дека ја силувал во 2009 година о неговата хотелска соба во Лас Вегас. Обвинителството во државата Невада, САД ја отвори истрага на крајот на 2018 година, но сега е во рацете на федералните власти. Адвокатите на фудбалерот не ја дале неговата нова адреса во Италија, па американските власти во април го продолжиле рокот за достава на поканата за 180 дена. Американците успеале да ја добијат неговата нова адреса каде била испорачана поканата.
Иако пред околу десет дена медиумите пишуваат дека обвиненијата за силување биле отфрлени, било потврдено дека случајот бил преземен само од страна на Сојузниот суд.
Мајорга во 2010 година се согласи да не зборува за тоа што се случило, а за возврат добила 375.000 долари, но пред една година одлучи да го обвини Португалецот. Неговите адвокати не негираат дека тој ѝ дал пари на Американката, но истакнала дека овој потег го презеле за да не му се наруши угледот.