Владата посветено работи на спроведување реформи што ќе овозможат еднакви можности за секое дете. За таа цел министрите за труд и социјална политика, за здравство и за образование и наука, Мила Царовска, Венко Филипче и Арбер Адеми и преставникот на УНИЦЕФ во Северна Македонија Бенџамин Перкс се на студиска посета на Обединетото Кралство. Дел од владината делегација се и преставници од универзитетите и академската заедница, а посетата е организирана од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, министерката Царовска, министерот Адеми и преставникот на УНИЦЕФ Перкс во Бирмингам се сретнале со Дејвид Иствуд, проректорот на Универзитетот во Бирмингам и директорот на Центарот за карактерно образование при универзитетот Џејмс Артур. На средбата, како што се наведува, се разговараше за реформите во раниот детски развој и образованието и соработката во тој дел, вложувањето во малдите од најрана возраст и содавање човечки капитал кој ќе придонесува за развојот на државата.
– Министерството за труд и социјална политика почна опсежна реформа за подобрување на пристапот до квалитетно предучилишно образование во земјата. Заедно со УНИЦЕФ спроведуваме програма со која децата и воспитувачките веќе ги прават првите чекори во социо-емоционалниот развој. Искуствата на Обединетото Кралство во обезбедување интегрирани сервиси за поддршка на секое дете и секое семејство ќе ни помогне во обезбедување еднаков старт во животот за секое дете. Како Влада, веќе ја спроведуваме социјалната реформа. Со оваа реформа даваме повеќе пари на семејствата и додатоци за децата, но тие ќе треба да ги пуштаат своите деца редовно во училиште бидејќи образованието е многу важно во создавањето на квалитетен човечки капитал којшто за секоја држава значи силен економски раст, изјавила Царовска.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакнал дека искуствата од образовните системи покажуваат оти реформите кои ги спроведуваме со имплементирање на препораките од Извештајот на ОЕЦД во основното образование се одлична работа која ја правиме периодот. Сепак, според него, образованието повеќе нема третман на потрошувач, туку третман на основен столб за развојот на општеството.
– Оваа студиска посета дојде во значен момент за Министерството за образование и наука и за мене како министер, бидејќи изминатиот период активно работиме на реформите во основното образование низ еден инклузивен процес со вклученост на сите засегнати страни и чинители со добра волја, одговорност и желба за придонес заедно со УНИЦЕФ. Кариерниот и професионален развој на наставниците, реформата на приправничкиот испит, надворешната евалуација, инклузија и внесување на сите деца во образование, развој на националните стандарди, коишто понатаму се основа за менување и развој на нови наставни програми и создавање на кохерентен образовен систем се неколкуте работи кои треба да придонесат за подобро образование за секое дете, рече Адеми.
Министерот за здравство Венко Филипче, пак, се сретнал со преставници од Националните здравствени услуги и разговарал за реформите во здравството.
– Студиската посета е одлична можност за унапредување на меѓусекторската соработка и размена на искуства од веќе воспоставени програми во Обединетото Кралство за унапредување на здравјето и развојот на децата. Искуствата од Обединетото Кралство покажуваат дека со препознавање на несаканите искуства во детската возраст и нивна превенција се создаваат здрави индивидуи кои можат да го спречат интергенерацискиот пренос на насилство и сите последици кое тоа ги предизвикува по здравјето и благосостојбата на децата, смета Филипче.
Посетатата, како што се наведува, беше искористена и за повеќе средби со централните и локалните власти во Глазгов и Единбург, Комесарот за детски права – искуства во делот на обезбедување заеднички здрвствено социјални услуги за поддршка на семејствата во ризик, превенција и рана идентификација на насилството врз децата.