Француски војници денеска отвориле оган врз маж кој им се заканувал со нож пред воена болница во Лион, соопшти полицијата.
Притоа напаѓачот е повреден во нога.
Полициски извори наведуваат дека е покрената истрага, но засега не е познат идентитетот на напаѓачот, ниту мотивот за нападот.
Напаѓачот се наоѓа в болница и нема повреди опасни по живот.