Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер е регистриран 100 километри северно од брегот на Нов Зеланд, соопшти АП.
Епицентарот беше во областа на островите Кермадек на длабочина од 10 км. Нема докази за повреди и материјална штета.
Првичното предупредување издадено за потенцијален бран од цунами од 30 см беше откажано.
Вториот силен потрес бил во 17:17 часот по локално време, а јачината била 6,4 степени.