Во Иран уапсени неколку агенти на ЦИА

Високиот ирански официјален претставник за безбедност Али Шамхани денеска објави дека неколку агенти на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) биле уапсени во таа земја, откако Техеран разменил безбедносни информации со своите сојузници.

Шамхани го изјави тоа на иранската државна телевизија ИРИБ.

Тој нагласи дека уапсените припаѓаат на неодамна откриена и разбиена „голема американска шпионска кибер-мрежа”.

Треба да знаете
Последни објави