Германската полиција уапси едно лице за убиство на германски политичар

Германската полиција соопшти дека уапсила еден човек во врска со пукањето на политичарот Волтер Либке на почетокот на месецот.

Либке беше член на владејачката партија ЦДУ на Ангела Меркел и претседател на округот Касел, околу 100 километри североисточно од Франкфурт. На 2 јуни тој беше застрелан во главата од непосредна близина.

Либке претходно добил смртни закани од екстремните десничари откако ја поддржа одлуката на канцеларката Меркел од 2015 година да ги отвори границите на Германија за бегалците.

Властите рекоа дека 45-годишен маж бил уапсен овој викенд, врз основа на ДНК-докази, и притворен. Според два германски весници, осомничениот бил поврзан со десничарски екстремисти.

Шест дена по убиството на Либке, еден човек бил уапсен, но подоцна ослободен без обвинение.

Треба да знаете
Последни објави