Граѓаните на Скопје кои имаат заостанати сметки за смет и вода истите имаат можност да ги подмират без камата до 28 јуни.
ЈП Водовод и канализација и ЈП Комунална хигиена од Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни.
„Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година“, се наведува во соопштението во кое се додава дека физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.