На кој начин и Меркел ќе дискутираше со премиерот. Ќе речеше овие се повеќе се заинтересирани за партиските преговори, отколку што се заинтересирани за европската иднина на својата земја, рече Радмила Шеќеринска од СДСМ во емисијата ТОП ТЕМА на Телма телевизија, осврнувајќи се тоа дека предолго се чека за метлата на Заев, најавена уште за претседателските избори.
– И кога стана јасно дека ќе имаме реконструкција, дека таа реконструкција ќе ја поддржат сите партнери. Сега некако фокусот е кога, а не што. Јас мислам дека и ние треба фокусот да го држиме на тоа како да дојдеме до најдобар состав и како да дојдеме до најдобри директори, кои се согласувам со вас, многу влијаат на големите мали прашања, оти животот е полн големи мали прашања. Не се нато-еу, не се големите еконмски движења, ама менуваат се’ со кое се соочуваме како граѓани секојдневно, и се согласувам сите се нестрпливи се согласувам сите се нестрпливи, убедена сум земајќи дека сето тоа брзо ќе се заврши, вели заменик-претседателката на СДСМ.
До петок ќе го имаме предлогот, децидна е Шеќеринска, најавувајќи дека смената ќе трае месец дена.